Општина Сатовча

Општина Сатовча има долгогодишно искуство во областа на прекугранични проекти, а особено во делот за искористување на природните и културните ресурси за одржлив развој.

Два проекти на ЕУ ФАРЕ програмата за прекугранична соработка Македонија - Бугарија беа успешно спроведени, а се однесуваа на користење на природното и културното наследство за одржлив развој, вклучително и за развој на туризмот. Опипливи резултати на овие два проекти се: а) Центар за туризам кој е во непосредна близина на селото Сатовча кој успешно функционира како место за сместување, обуки и работилници и неодамна беше надграден од страна на општината; б) општински музејска колекција во центарот на селото Сатовча кој е раководен од страна на локалните наставници и која постојано се развива и збогатува.

Преку ИПА прекуграничната програма BG MK 2007 - 2013 Сатовча како партнер на општина Липково успешно имплементира проект посветен на искроистување на водата како атракција за развој на туризмот и дополнување на другите постоечки туристички атракции. Подобрената инфраструктура во центарот на селото Сатовча и негова визуелизација допринесуваат во напорите на општината за спроведување на својата стратегија за одржлив развој на туризмот.

Во рамките на програмата на ЕУ за територијална соработка помеѓу Грција и Бугарија 2007 - 2013 беше воспоставено летно фолклорно училиште. Како резултатат беше изградена нова зграда за училиштето во селото Плетена и значителна на опрема за Културниот центар на заедницата Просвета 1937 од истото село, кој сега е еден од партнерите во овој проект. Улогата на општината беше во управување на инфраструктурните аспекти при имплементација на проектот.

Улогата на општина Сатовча во овој проект повторно е на инфраструктурните аспекти, како и да се обезбеди одржливост на резултатите од проектот, додека т.н. меки мерки се одговорнос на ПП3, со оглед на успешното искуство во имплементација на претходниот проект Грција Бугариј.

Сепак, Општина Сатовча строго ги применува прифатените механизми за координација и соработка за спроведување на целокупниот проект. Општина Сатовча, исто така, ќе го сподели своето искуство во управување со проекти и имплементација на слични проекти за прекугранична соработка. Општина Сатовча вработи дел од проектниот тим и ќе биде домакин на еден од состаноците на проектниот тиме, а секако ќе учествува во сите други активности.