Општина Липково

Општина Липково има претходно искуство во соработка на територијални проекти. Имено, општина Липково има веќе завршено два прекугранични проекти меѓу Македонија и Бугарија, во тек е и имплементација на прекуграничен проект од програмата меѓу Македонија и Косово. Градоначалникот, како и локалната администрација се целосно посветени на понатамошно учество во имплементација на ЕУ програмите (вклучувајќи ја и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија) и посветуваат голем дел од своите ресурси (административни и финансиски) за развивање на соодветни предлог проекти во многу клучни области за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Како Водечки партнер, општина Липково целосно ги почитува своите обврски како што е наведено во Спогодбата за партнерство (А.2) и Договорот за финансиска помош (C). Посебно внимание ќе се посвети на: обезбедување на правилна примена на сите планирани активности, следење на напредокот на показателите на проектните резултати, преземање на сите потребни активности за навремен прием на средствата (субвенциите), собирање на сите информации и документи во согласност со принципите за управување и известување на Управниот Орган; известување до Техничкиот Секретаријат (ТС) за напредокот на проектот и навремено достаување на барањата за исплата на дозволените трошоци, итн.

Дополнително, општина Липково обезбедува проектна канцеларија целосно опремена со потребната опрема (мебел, компјутер, телефон и интернет), со што се овозможува непречено спроведување и управување на проектот.