Церемонија за отворање на новиот пат кон Липковското езеро

На 4 септември 2017 година официјално беше отворен новоизградениот дел од патот кон Липковско езеро, изграден во рамки на проектот.

На свечената церемонија учествуваа министерот за животна средина и поранешен градоначалник на Липково до 2017 г-дин Садула Дураку, министерот за локална самоуправа г-н Сухејл Фазлиу, претставници на Програмата за прекугранична соработка, претставници на проектните партнери од Бугарија – заменик-градоначалникот на Сатовча г-н Румен Орачев и секретарот на Центарот за култура “Просвета 1937“ од Плетена, г-а Антоанета Бекташева.

Вршителот на должноста Градоначалникот на општина Липково г-дин Амиди ги поздрави гостите и ги презентираше проектираните резултати, а гостите посакаа нов успех на граѓаните на општина Липково. Партнерите од Бугарија упатија честитки со музичкиот настап.