На 10 јули 2019 година, во просториите на Водечкиот партнер и на местото на конструираниот локален пат во Липково извршена е ex-post мониторинг контрола, од страна на персоналот на канцеларијата на ЈС од Струмица. Контролата заклучи дека има целосна и соодветна документација за спроведените активности во рамки на проекто и дека изградениот локален пат во Липково се одржува и се користи според барањата на договорот за субвенционирање.
Исто така, беше објаснето дека партнерите (општина Липково и општина Сатвоча) ја продолжија соработката и по завршувањето на проектот. На пример, заеднички беше изработена нова апликација за вториот повик за предлози во рамките на прекуграничната програма Бугарија-Македонија и истата беше доставена во мај 2019 година. Предложената апликација адресира (1) заеднички активности за подигнување на свеста и споделување на добри практики и искуство, употреба на напредни технологии, обука и едукација, комуникациски и информативни активности за последиците од климатските промени, како и (2) спроведување мерки за одржување на речните корита и заштита од поплави. За жал, проектот не е одобрен за финансирање, сепак, партнерите се обврзаa да ја ажурираат постојната апликација и да ја достават до други донаторски организации кои се активни во регионот.

